„Колку си убава, блескаш“: Маја Беровиќ воодушеви со нова фотографија пред елката, а за фустанот што го носеше долго ќе се зборува

Добивај вести на Viber

Пејачката Маја Беровиќ, за која многумина велат дека е една од најдобро обучените жени во регионот, неодамна воодушеви милион луѓе на Инстаграм со фотографија на која позира пред новогодишна елка. Во преден план е нејзиниот свечен црвен фустан, како и трудничкиот стомак.

Маја Беровиќ позираше во својот дом пред раскошната новогодишна елка, а сите ги воодушеви нејзиниот феноменален фустан. Мини фустанот што го носеше пејачката ја следи линијата на телото, има пошироки ракави, едно голо рамо и шлиц на страна. Иако е и краток и отворен, овој фустан на пејачката не изгледа вулгарно, туку напротив, Маја изгледаше гламурозно!


Пејачката под фотографијата напиша: „Љубов за сите мои бебиња“, а коментарите на фановите за нејзиниот совршен изглед не престануваа, а еве некои од нив:

„Колку си убава, ти годи бременоста“, „Уао, колку си убава, кралице блескаш“, „Ти си толку убава трудница“ ...


Фото: Инстаграм- Маја Беровиќ

https://zenskimagazin.mk/maja-berovikj-broi-sitno-do-poroduvanje-go-pokaza-golemiot-trudnichki-stomak