КОМЕРЦИЈАЛНИТЕ ВАКЦИНИ ПРОТИВ СЕЗОНСКИ ГРИП ЌЕ СЕ АПЛИЦИРААТ ОД ДЕНЕСКА: Набавена е Influvac tetra, штити против четири вида грип

Добивај вести на Viber

Од утринава во центрите за јавно здравје ќе почне да се аплицираат комерцијалните вакцини против сезонскиот грип кои се наменети за граѓаните кои не припаѓаат во некоја од петте ризични групи, а сакаат да се заштитат против сезонската инфекција. Цента изнесува 800 денари. Медицинскиот кадар од Центарот за јавно здравје, за Фактор потврдува дека и оваа година ќе се дава француската вакцина, Influvac tetra, која создава имунитет против четири вида грип. Пунктот за вакцинација е веќе отворен, односно граѓани се примаат од 7.30  до 18.30, а термини нема, односно граѓаните ќе ја добиваат вакцината кој како ќе пристигне.

-Поради фактотот дека сме во пандемија на ковид, граѓаните сакаат да се заштитат и против сезонскиот грип, па ланското искуство ни покажува дека комерцијалните вакцини кои ги набавивме се потрошија веднаш. Тука имаше 4.000 вакцини кои за околу два часа беа потрошени. Очекуваме и оваа година вакцините против сезонски грип да се потрошат многу брзо, за разлика од изминатите години кога практично и дел од нив фрлавме, бидејќи интересот не беше толку голем, велат од Центарот за јавно здравје за Фактор.

Детали читајте на Фактор тука.