Компанијата Самсунг овозможува 5 години гаранција на одбрани “UHD” и “QLED” ТВ уреди!
Промоцијата е важечка до 31.12.2018 година и вклучува 5 години гаранција за “UHD“ и “QLED“ Самсунг ТВ уредите од 2018 година и дополнителна гаранција од 10 години во случај на ефект на “прегорување“ за сите “QLED“ ТВ модели
Скопје, Македонија - 7 ноември 2018 година - Со цел да им овозможи на своите корисници уште поголема сигурност и уживање во гледањето на содржини преку ТВ уредите, Компанијата Самсунг подготви нов “бран“ промотивни активности. Во период од 1 oктомври до 31 декември 2018 година, сите оние кои ќе купат Самсунг “UHD“ или “QLED“ ТВ уред од серијата “Н“ (“N”) од 2018 година ќе добијат 5 години гаранција. Исто така, покрај оваа гаранција, Самсунг овозможува и дополнителна гаранција од 10 години во случај на ефект на “прегорување“ (“burn-in“ ефект) за сите “QLED“ ТВ модели.
За да може да ја искористат оваа поволност, корисниците треба да го регистрираат купениот уред на веб страната www.samsung5godinigarancija.mk на која може да ја погледнат и листата на уреди опфатени со оваа промоција. За дополнителни информации сите заинтересирани може да се јават во Центарот за грижа за корисници на Самсунг на телефонскиот број: (+389) 23 207 777.
Компанијата Самсунг повеќе од 13 години е светски лидер во производството на ТВ уреди, благодарение на исклучителниот квалитет на сликата, одличниот контраст како и напредните можности на СМАРТ ТВ платформата, за кои Компанијата е наградена со голем број признанија од медиумите.