Култура // Концерти
КОНЦЕРТ ВО МКЦ: Горан Таневски слави 35 години кариера
Горан Таневски, фронтменот на „Мизар“, на 13 јуни со концерт во Младинскиот културен центар ќе одбележи 35 години музичка кариера.
Докажаниот музичар ќе настапи како дел од проект што го носи името „Мизар - друго откровение“. За јубилејот, Таневски фановите ќе ги почести со дури три нови албуми.
Горан Таневски е сестран уметник. Композитор, пејач, текстописец кој остави длабок печат на домашната алтернативна рок сцена. Култниот бенд „Мизар“ го предводеше во периодот од 1984 до 1991 година, а според музичката критика е еден од највлијателните вокали на овие простори.