Конечно откриено: Жените подобро функционираат на повисоки температури
Најновите истражувања можат да им помогнат на компаниите да ја зголемат продуктивноста.
Одамна е потврдено дека мажите имаат малку повисока температура од жените, па затоа температурите во повеќето канцелариски простори најчесто се прилагодени кон нив.
Ако се суди според резултатите од новото истражување, тоа би можело да биде лоша деловна политика. Научно истражување во Германија, сугерира дека женскиот мозок подобро функционира кога жените се изложени на повисока температура. Од друга страна, дека мажите подобро функционираат на пониски температури, односно во студени простории е исто така наведено во студијата, пренесува „The Guardian“.
Во истражувањето учествувале 500 жени и мажи кои морале да извршат различни обврски на различни собни температури. На повисоки температури, жените подобро се снаоѓаат со математиката и задачи од вербална природа, додека на пониските температури истите задачи подобро ги извршуваат мажите.
Под топли услови жените значајно ја зголемуваат својата продуктивност, додека во спротивниот случај, не доаѓа до пад на машката продуктивност.
„Нашите истражувања сугерираат дека фирмите во чии канцеларии работат и седат луѓе од двата пола би можеле да профитираат, ако ја постават температурата на повисока од нормалната.", стои во студијата.
Како што е наведено во „The Guardian“, можеби резултатите од оваа студија го објаснуваат фактот зошто мажите во костуми и врски ги претвораат своите канцеларии во "игло".