Конечно слободни! Барбадос се откажа од кралицата Елизабета и прогласи Република – фотографиите од прославата го обиколија светот (ВИДЕО)

Вчера, 55 години по стекнувањето независност, Барбадос стана република, со што се откажа од британската кралица Елизабета Втора како суверена на тој карипски остров.

Речиси 400 години од пристигнувањето на првите англиски бродови на островот, точно на полноќ, се роди нова република со интонирање на националната химна и 21 вод, на воодушевување на илјадници луѓе на улиците на главниот град Бриџтаун. 

За време на церемонијата, премиерката Миа Мотли ја прогласи пејачката Ријана, по потекло од Барбадос, за национален херој. 

Барбадос доби независност од Велика Британија во 1966 година, но ја задржа кралицата Елизабета како свој официјален суверен. Кралицата сè уште е суверена над 15 други области, вклучувајќи ги Обединетото Кралство, Австралија, Канада и Јамајка. 

На церемонијата присуствуваше и престолонаследникот на британската круна, принцот Чарлс, кој рече дека создавањето на републиката „нуди нов почеток“. 

Барбадос останува република во рамките на Комонвелтот, група од 54 земји.


Фото: Ројтерс

Видео: Youtube