Контроверзен третман за кој полуде Холивуд: Ова е тајната на младешкиот изглед на Кејт Бланшет од кој ќе ви се слоши

Чудните третмани на убавината на холивудската елита станаа толку бизарни што звучат како пародии - од нега на лице со измет од птици, крем за очи од змиски отров, до капење во урина.

Сепак, најновиот тренд оди чекор понатаму. Кејт Бланшет го припишува својот младешки сјај на третман кој го користи препуциомот на машкото новороденче. Технички ја става кожичката на машкиот полов орган на челото.

„Отидовме кај хирург за лице во Њујорк, и таа ни даде она што ние го нарекуваме нега на лице за пенисот. Тоа е нешто - не знам ни јас точно што, само знам дека има ензим од пенис во него“, изјави Кејт еднаш за Vogue. .

На веб-страницата на салонот за убавина, овој третман се нарекува Холивуд EGF за лице. Вклучува чистење, интензивен TCA пилинг, микроблејдинг, маска и конечно, серум за епидермален фактор на раст (EGF) одобрен од FDA.

"Одобрените матични клетки и пептиди продираат длабоко во кожата со помош на специјален електричен стап за микроигли. Овој процес овозможува активните состојки да се транспортираат длабоко во кожата со создавање на привремени микроканали", стои во описот на третманот.

Сето ова звучи многу интересно, но колку е ефективно?

Употребата на матични клетки е доста распространета во козметичката индустрија, според анализата на IFL Science. Теоријата е дека со додавање на матични клетки на дермалниот слој на кожата, кожата се подмладува, бидејќи ефективно се воведува ново ткиво, што го прави тенот помлад. Исто така, се верува дека процесот ослободува хемикалии кои им помагаат на старите клетки, повторно, правејќи ги помлади.

Истражувањата покажаа дека матичните клетки можат да го поправат оштетеното ткиво - на пример, рани и изгореници - но не е толку јасно колку се ефективни како третман за сјајна кожа. Блескавата кожа на актерката по третманот би можела да биде подеднакво, ако не и повеќе сјајна, како резултат на хемиски пилинг, маски и пептиди.

Во секој случај, со двегодишна листа на чекање и третман од 650 долари, дури и да одлучите, тешко дека ќе успеете да закажете.

Фото: Инстаграм

Извор: Жена блиц