„Корона чао“ ечи во Бугарија: Премиерот Борисов им се заблагодари на Дац и Александар

Добивај вести на Viber

Дуото составено од Александар Спасов - Дац и Александар Митевски постојано ги изненадуваат своите следбеници со одлични кавери. Последниот во низата, кој е преработка на познатата италијанска песна „Бела чао“, во нивна верзија насловна како „Корона чао“, на нивниот Јутјуб канал веќе скоро 300.000 илјади прегледи.

Оваа песна освен што е слушана во Македонија, исто така се слуша и во Бугарија. Имено, премиерот на Бугарија, Бојко Борисов сподели видео на својот Фејсбук профил, на кое се гледа дека се вози во автомобил во кој „ечи“ оваа песна.

„Само со заеднички напор, дух и дисциплина ќе можеме да се бориме против коронавирусот. Им благодарам на сите граѓани на Бугарија кои ги следат правилата. Само така ќе се вратиме кон нормалниот живот. Благодарност и до Дац и Александар. Северна Македониај може да смета на нашата поддршка.“ - напиша премиерот Борисов покрај видеото.