Коронавирус во бременост: Колку е опасен и како да се заштитите
Додека експертите сè уште немаат сигурни информации на многу прашања, еве што е најважно да знаат бремените жени кога станува збор за тековниот коронавирус.
Периодот на настинки и грип е особено критичен за бремените жени. Сега кога се појави коронавирус, многумина стравуваат за себеси и за своето бебе. Експертите не се сигурни како се однесува овој вирус кај бремените жени и дали тој има некаков ефект врз самата бременост. Она што тие дефинитивно го знаат и посочуваат е добрите хигиенски навики како најдобра заштита.
Досега не се направени доволно студии кои би покажале како овој вирус влијае на жените во блажена состојба.
Според Американскиот центар за контрола и превенција на болести, бремените жени се повеќе подложни на посериозни инфекции од грип од другите луѓе на исти години. Ова е затоа што имунолошкиот систем се менува во бременоста, а капацитетот на белите дробови се намалува како што напредува бременоста. Сепак, тоа не значи дека тие се поподложни на коронавирус.
Експертите сугерираат бремените жени да се грижат за себе на начин на кој им се препорачува и на сите други.
„Ова е вирус за кој нема вакцина или третман, затоа најдобра заштита би била зголемена хигиена во овој период“ - д-р Амес Адаesа.
Мијте ги рацете, избегнувајте заразени луѓе
- Кога ги миете рацете, користете сапун и топла вода и тријте ги најмалку 20 секунди. Исто така, избегнувајте контакт со заразени лица.