Крај на бракот: Северина официјално се разведе од Игор Којиќ

Пејачката Северина и нејзиниот, сега веќе поранешен сопруг, Игор Којиќ, дефинитивно ставија крај на бракот, по бројните индиции дека долго време нешто не е во ред меѓу нив двајца.

Имено, Северина сега е официјално разведена, бидејќи и двајцата потпишаа документи за развод, вчера во Загреб, пренесуваат локалните медиуми.

Според медиумите, можно е Игор и Северина некое време да се преправале дека се во среќен брак, додека имало спор околу старателството над Александар, синот на Северина и Милан Поповиќ.

Тие двајца поднеле барање за развод на 12 август, само 15 дена по изрекувањето на пресудата за старателство, и извесно време, според информациите во јавноста, не живееле под ист покрив.

Исто така, се шпекулираше дека бракот на Северина и Игор Којиќ беше фарса, во која учествуваа исклучиво за лични интереси, и сега сѐ дојде до својот крај.


Фото: Инстаграм