КРАЛИЦАТА ДАДЕ АМИН: Еве кога ќе се венчаат принцот Хари и Меган Маркл

Добивај вести на Viber

Британската кралица Елизабета II официјално и им даде благослов на нејзиниот внук, принцот Хари, и американската актерка Меган Маркл за венчавката.

"Давам согласност за договор за брачни односи помеѓу мојот внук принцот Хари од Велс и Рејчел Меган Маркл", рекла кралицата на состанокот на нивниот внатрешен совет во Бакингемската палата.

Нејзината согласност ќе биде потврдена од „Големиот печат“ и ќе биде внесена во Регистарот на Советот, кој е античко советодавно тело кое датира стотици години.

Принцот Хари и Меган Маркал ќе се венчаат на 19 мај во капелата Свети Ѓорѓи во Кралската резиденција на замокот Виндзор.