Кралицата Летиција маестрално спои 2 водечки трендови: Овие парчиња мора да ги има секоја жена во плакар есенва (ФОТО)

Добивај вести на Viber

Кога некој знае што значи добар стил, тогаш изгледа вака. Кралицата Летиција (49) уште еднаш објасни зошто ја нарекуваат кралица на стилот и ни даде одличен предлог за трендовски стајлинг.

Таа феноменално ги спои двата најголеми трендови за оваа есен. Тоа се кожени панталони и карирано сако од твид.

Популарноста на овој модел на панталони не се намалува со возраста, и нема да биде помалку релевантна ниту оваа сезона. Ако веќе не сте, не заборавајте да набавите барем еден пар. Ова е многу практично парче што може да се носи на безброј начини, и можеби најдобро оди со блејзер.

Сакото, за кое што се одлучила Летиција, повторно се враќа на модната сцена со стил и е полн погодок за оваа сезона. Сѐ повеќе дизајнери го вклучија овој модел во своите колекции.

View this post on Instagram

A post shared by Royal Fashion Police (@royalfashionpolice)



Очекувано, Летиција доби чиста десетка од модните експерти, а со каква оценка би го оцениле овој стајлинг Вие?

View this post on Instagram

A post shared by Royal Families  (@_royal_families_)