,

Кралицата Летиција во безвременски фустан: Може за прошетка, но и за вечерни излегувања, ваков сигурно имате во плакар (ФОТО)

Добивај вести на Viber

Оваа прекрасна дама е позната по својот префинет вкус за мода и сведен, но ефектен стил на облекување


Кралицата Летиција и нејзиниот сопруг кралот Филип Шести се појавија на прославата на Денот на вооружените сили 2022 година, одржана оваа година во главниот град на Арагон, Хуеска.



На овој важен социјален настан, кралицата Летиција уште еднаш покажа дека негува префинет дамски стил.



Овој пат таа реши да облече фустан со безвременски крој, но и дизајн. Имено, таа носеше светло син фустан со точки од класичен крој кој ја истакна нејзината линија и правеше да изгледа совршено.



Косата и беше соберена, а на нејзините уши светкаа скапоцени обетки кои на целата комбинација ѝ дадоа доза на елеганција и кои ја истакнаа нејзината природна убавина.

Овој фустан со намален крој е одличен за опуштена прошетка во природа, а со некои елегантни детали може да биде совршен за вечерни излегувања.


Фото: Printscreen Instagram