Кралицата Летиција во деловна комбинација од кожа:Беспрекорен изглед и моќна модна доминација

Добивај вести на Viber

Додека нејзиниот сопруг е во Хондурас, шпанската кралица Летиција се сретна во Мадрид со членовите на Националниот совет на шпанското здружение за рак, чијшто почесен претседател е токму таа.



Како и британската миленичка Кејт Мидлтон, таа се појави во сосема нови ангажмани во сосема нови парчиња и уште еднаш ја покажа својата модна моќ. Кралицата Летиција е една од ретките дами од кралскиот двор која има можност да се види себеси во парчиња во кожа на официјални пригоди, а овој пат блесна во ново кожено здолниште, ласкава миди должина и висок струк со додаток на ремен.



Како и многу парчиња во нејзиниот гардеробер, така и ова спектакуларно парче доаѓа со потписот на германскиот бренд Hugo Boss, а со него искомбинира нова блуза во светло сина нијанса, а на оваа комбинација додаде и веќе видена наметка со потписот на Каролина Херера.



Црните салонки потпишани од шпанскиот бренд Magrit и соодветната чанта Arch потпишана од Нина Ричи и помогнаа на кралицата Летиција да заврши уште едно беспрекорно, деловно издание во низата.

View this post on Instagram

A post shared by Royal Style Watch (@royalstylewatch)