Кралицата Летиција во издание кое „боде“ во очи и се гледа од авион: Појако од ова не може, а носи тренд кој ја одбележа 2022 година
Кралицата Летиција вчера посети детска болница во Мадрид, а убавата бринета ја изненади јавноста со смела, модерна комбинација во впечатлива боја која ретко ја носи.
Шпанската кралица се појави во монохроматски аутфит, избирајќи розова нијанса и следејќи го еден од најголемите трендови на годината - таканаречениот Barbiecore, што значи носење токму на оваа боја од глава до пети.
Ова е ефикасен тренд кој дефинитивно остава впечаток и нема средина, или го сакате или го мразите. Едно е сигурно - не може да помине незабележано!
Летиција избра класични панталони и едноставна блуза, како и палто до колена со црни копчиња. Розевата боја ја „разигра“ со црни обувки и црн кожен ремен, а се‘ заокружи со дискретни, но интересни обетки и нежна шминка.
Како ви се допаѓа ова издание на Летиција?
Фото: Инстаграм/Youtube - screenshoot
Гламурозна, елегантна и тотално шик: Шпанската кралица Летиција-Само таа го може тоа !