Кралицата Летиција во најмоќниот есенски фустан кој можат да го носат сите-од S до XXL: Совршена и овој пат! (ФОТО)

Добивај вести на Viber

Доколку сакате визуелно да ги скриете недостатоците на стомакот, ова е фустанот скроен токму за вас

Кралицата Летиција од Шпанија во петокот го посети 23. Филмски фестивал Опера Прима во Тудела. Како и секогаш, сите погледи на модните познавачи и вистинските љубители на модата беа заковани на нејзиниот нов, модерен стајлинг.

Таа ја искористи и оваа прилика да го покаже својот совршен стил и да се фотографира со обожавателите кои се собраа да ја видат и поздрават.

Кралицата Летиција со првите есенски денови ги извади од плакарот омилените парчиња облека, а овој пат на листата се најдоа и нејзините омилени долги кожени чизми од брендот Nina Ricci кои одлично ги истакнуваат вашите нозе и ве прават да изгледате одлично во нив.

View this post on Instagram

A post shared by Royal Fashion Police (@royalfashionpolice)



Освен нив, кралицата ги маѓепса сите со тесен фустан, во маус сива боја, кој е совршен доколку сакате да сокриете малку вишок во пределот на стомакот. Аутфитот го спои со обетките на Изабел Гуарх и нејзиниот прстен Coreterno.

Иако ваквите предизвикувачки чизми вообичаено не се дел од облеката што ја носат членовите на кралското семејство, кралицата Летиција си даде слобода внимателно и промислено да ги комбинира за никогаш да не изгледаат вулгарно.

Како што често прави, таа не носеше силна, туку соодветна шминка во нуд тонови на лицето, што само ги истакна нејзините убави црти.

Кога ќе ја видиме вака облечена, јасно е зошто важи за една од омилените членови на кралското семејство и зошто многу жени во неа наоѓаат инспирација за некој од нивните наредни стајлинг.

Погледнете како изгледала кралицата во следната галерија:


FOTO: Instagram printscreen