КРАЛСКА АКАДЕМИЈА - НАЈГОЛЕМАТА ТАЈНА Е ОТКРИЕНА
Токму така, најголемата тајна е откриена - животот на вашите омилени јунаци од бајките: Пепелашка, Снежана, Златокоса, Ѕверот, Принцот жабец... се менува - ТИЕ ОСТАРЕА.
За да ги пренесат своите приказни, моќи и магии на другите генерации тие го создаваат училиштето - КРАЛСКА АКАДЕМИЈА.
КРАЛСКА АКАДЕМИЈА е најлегендарната серија до сега направена за класичните ликови од бајките. Креаторите на познатаиот серијал ВИНКС, овојпат ликовите од бајките ги донесоа во современиот свет.
За Кралска академија веќе е направена анимирина серија, а изданијата со овие ликови можат да се најдат во Просветно дело.
Целото дејствие се одвива низ очите на Роуз, таа е една динамична девојка, тинејџерка која живее на Земјата и која сосем случајно ќе го пронајде клучот што води до Земјата на приказните. Во Земјата на приказните се наоѓа и престижното училиште наречено КРАЛСКА АКАДЕМИЈА. Таму таа ќе открие дека е внука на Пепелашка. Таму ги учи тајните на магијата, а патем се забавува со нејзините пријатели Асторија (внука на Златокоса), Џои (внука на Принцот Жабец), Хаук (внук на Снежана), Тревис (внук на Ѕверот)...
Директорка на Кралската акдемија е Пепелашка, бабата на Роуз. Таа всушност и ја основала Кралската академија. Ги држи часовите по Церемонии и правилно однесување и секогаш е многу љубезна со своите ученици. Снежана е строга професорка, предава Етика и магични моќи, а нејзина најголема слабост се јаболката. Златокоса е професорка по Поезија и литература. Докторот Жабец е професор по Напивки, Тренерот Ѕвер е професор по Змејологија...
Дали Роуз, Хаук, Тревис, Џои и Асторија ќе успеат да тргнат по патот на своите баби и дедовци ќе откриете во овие извинредни изданија со авантури кои можете да ги најдете во сите книжарници на Просветно дело.
Еве како започнува раскажувањето на Роуз:
„Имам огромна потреба да раскажам некому за сето она што ми се случува. Се викам Роуз и... неодамна открив дека сум внука на ПЕПЕЛАШКА! Звучи неверојатно!? Отсекогаш верував дека приказните навистина постојат, но... кој го очекуваше ова? ЈАС СУМ ВНУКА НА ПЕПЕЛАШКА.
Еве вака започна се: Доцнев на првиот училиштен ден, но верувај ми, причина беше распродажба во мојата омилена продавница за чевли. Токму на тоа место најдов еден ВОЛШЕБЕН КЛУЧ! Со тој клуч отворив една волшебна врата која водеше кон ЗЕМЈАТА НА ПРИКАЗНИТЕ! Влегов внатре и се најдов на небото над Кралската академија, училиште од бајките...“