Криси Тајген во топ фустан за трудници: Мал црн фустан е секогаш добар избор

Добивај вести на Viber

Идната мајка се појави во беспрекорно издание

Манекенката Криси Тајген важи за една од најубавите и најубаво облечени жени во светот, а сега на жените им понуди своја верзија на „Little blach dress“ и тоа е прекрасно. Криси се фотографираше на паузата од шоуто кое го снимаше, а за оваа прилика облече прекрасен црн фустан.


Со оглед на тоа дека е во блажена состојба, оваа манекенка на прво место ја става удобноста, па се одлучи за фустан со широк крој кој не притиска на трудничкиот стомак.

Фустанот има ракави со должина три четвртини, многу е краток, а она што го прави посебен се карнерите и прекрасните рози кои го красат горниот дел.

Идната мајка носеше црни хулахопки и штикли во иста боја. Таа од својата прекрасна долга коса направи елегантна пунџа, а со шминка само ја истакна својата природна убавина.


Фото: Инстаграм