Кристален пилинг е нешто кое мора да го прави секоја жена над 40 години: Татјана Алексиќ ги откри своите тајни за убавина
Професорката по македонски јазик во гимназијата „Корчагин“ во Скопје, важи за дама кај која годините се само бројка, па тешко кој би рекол дека има 54. Пријателски настроена кон учениците кои ја обожаваат поради нејзината смисла за хумор, Тања е негувана госпоѓа која има свои посебни козметички ритуали, научени уште од мали нозе, од нејзината баба, мајка и стрина.
Токму за Женски Магазин, таа ги открива нејзините тајни за убавина.
* Кои се Вашите тајни ритуали поради кои на Вашето лице не се познаваат Вашите години?
- Чиста кожа и здрава храна, залак во уста- залак на кожа! Ако немам можност за квалитетни козметички препарати, ритуалот за лице е јогурт или чај, кисело млеко и магдонос, свеж квасец и банана... Тајната е во природата и континуирана нега. Никогаш нема да ме слушнете да кажам: ,,лесно е да се негувани тие кои имаат пари", ако имам за храна, имам и за кожа. Сите потребни средства за нега на кожата секоја жена ги има по дома... Дур меси со пченично брашно од истото може да си направи пилинг, талогот од испиеното кафе е ароматичен пилинг за цело тело, куркума со маслиново масло исто така, полна када со морска сол и кантарион е чудо, цимет во коса, сода бикарбона под пазуви, лушпи од краставици хидрираат како тоник, јагоди и кајсии се чист витамински коктел. Патем не пушам, не пијам и не варирам во телесна тежина. Сончањето умерено, „кварцање“ ни под разно.
Алексиќ на тертман кај својата омилена д-р петрушевска од ординација „Д-р Анчевски“* Кои се Вашите омилени козметички производи?
- Вљубена во „Логона“ на прв допир, 40 години докажан германски бренд базиран на апсолутно природни состојки. „Логона“ е собрана природа во една капка за комплетна нега, го успорува стареењето на кожата со видливи резултати. Се потпирам и на белата и на декоративната козметика. Моментално ги користам био „антиејџ“ кремите на протеинска база - совршени.
* Кој е Вашиот омилен козметички третман? Зошто е тоа третманот кој треба да го прави секоја жена над 40 години?
- Темелно чистење на кожата и кристалниот пилинг во ординација „ Д-р Анчевски“ кај д-р Петрушевска е нешто задолжително, барем два-три пати годишно, колку се може. Имам комбинирана кожа и мрсна Т-зона поради која порите на лицето брзо се полнат и бараат длабинско чистење. После кристалниот пилинг ( дермо абразија) лицето е кристално чисто два - три месеци.
* Што ја прави една жена убава? Што мора да има за да биде убава?
- Радост во срцето, да знае да се радува на мали нешта, на цреши од пазар, ако ги нема во двор. Радоста нѐ прави убави и полни со елан, љубовта ако знаеме да ја дадеме и примиме. Добрата енергија зрачи и привлекува исто како звуци од добра музика и стихови од добра песна, жена која слуша и чита има убава душа.
* На која безвмренеска убавица ѝ се восхитувате и се огледувате?
- Немам некои конкретни идоли, на многу безвременски убавици им се восхитувам, но примерите сум ги следела од жените со кои сум растела и ме воспитувале, мајка ми, бабите, и стрина ми која и во деветата деценија е негувана дама.
Д. Караташова