Кристина и Проект среќа организираат конференција за деца во социјален ризик

Добивај вести на Viber

На 17 Октомври е интернационалниот ден за борба против сиромаштијата. Здружението „Проект среќа“, трета година по ред го одбележува овој ден, но оваа година ја прави првата конференција за деца во социјелен ризик, каде децата ќе бидат главните гости и говорници, каде тие ќе бидат нашите ѕвезди, и каде ќе им порачаме ,,Овде сме за вас!,,.

На самата конференција, ќе биде презентирана и годинешнава видео кампања на ,,Проект Среќа,, за градење на одговорно и филантропско општество, која ја работеше агенцијата ,,Њу Момент“.

„На оваа конференција-дружба ќе присуствуваат голем број на деца, сите во различен вид на социјелен ризик, и сите тие регистрирани во нашето здружение Проект Среќа. Тие ќе зборуваат за предизвиците со кои се соочуваат секојдневно, за нивните соништа, желби, ќе зборуваме за тоа како да ја направиме заеднички оваа земја подобро место за нив, нашите идни генерации,особено за децата и младите кои ги немаат истите можности и предности како нивните другарчиња“, изјави Кристина Арнаудова претседател на Здружението. 

На самиот настан ќе присуствува дел од државниот врв, како и многу други здруженија и организации.

На секое присутно дете ќе му подари голем пакет со производи, храна и детски изненадувања.