Култниот супермодел од деведесетите ужива во Хрватска: Клаудија Шифер предизвика бура реакции со своите фотографии од летниот одмор

Клаудија Шифер на Инстаграм објави фотографија од одморот во Дубровник, но многу нејзини следбеници помислија дека е во Грција

Германската манекенка Клаудија Шифер е една од најуспешните убавици во историјата на модниот свет, а летово за одмор ја избра Хрватска.

Клаудија на Инстаграм објави фотографија од бродот, а иако не откри каде се наоѓа, „Дулист“ пишува дека во позадина се гледаат Срѓ, Локрум и другите знаменитости на Дубровник и неговата околина.

„Ништо како возење со брод на зајдисонце“, напиша таа во описот на фотографијата која предизвика голема врева бидејќи некои следбеници ѝ посакаа да ужива во Грција, додека други веднаш го препознаа Дубровник.

View this post on Instagram

A post shared by Claudia Schiffer (@claudiaschiffer)


Под фотографијата Клаудија доби бројни комплименти за својот изглед на 52 години, а многумина коментираа дека времето за неа како да застанало.

Шифер ја започна својата кариера на 17-годишна возраст, кога беше забележана од скаут на таленти во клуб во Дизелдорф. Од самиот почеток беше јасно дека ќе направи пресврт во светот на модата, а и денес се зборува дека брендот „Guess“ стана толку познат токму поради неа, бидејќи таа беше нивна амбасадорка. Покојниот Карл Лагерфелд ја избра за заштитно лице на „Шанел“, а малку подоцна се појави и во „Плејбој“. Таа ја красеше познатата насловна страница на „Вог“ во 1999-та година, кога беше прогласена за една од најубавите жени на светот. Ги воодушеви познатите брендови, а за време на нејзината богата кариера се појави на над 1.000 насловни страници на списанија.

Иако деновите на најголемата слава се зад неа, таа сепак се согласува на ангажмани кои ѝ се допаѓаат, а се проценува дека денес е „тешка“ околу 55 милиони долари.

Извор: dnevnik.hr