Кумановката Теа Георгиевска ги освои симпатиите на жирито: Ќе ја претставува Македонија на Мис Универзум во Мексико
Теа Георгиевска е девојката која ќе ја претставува Македонија на светскиот избор за убавина „Мис Универзум“, кој се одржи идниот месец во Мексико.
21 годишната Теа е дел од модното студио „Црнокрак“ и доаѓа од Куманово.
Теа седа ја носи титулата Мис на Македонија која и беше доделена вчеравечер на манифестацијата одржана во Националната опера и балет, на која учествуваат 19 девојки-финалистки.
Покрај Мис на Македонија, беше избрана и првата придружничка Ева Величковска од Скопје, втора Тијана Петреска од Скопје, трета Верица Китанова од Струмица и четврта Јулијана Ѓорѓиевска од Крива Паланка.
По 15 години пауза во Македонија се одржа избор за убавина, а лиценцата за организација ја купи Шакир Села од модната агенција „Даман“ од Истанбул.
На манифестацијата која изгледаше беспрекорно имаше црвен тепих, коктел за гостите, а домаќини на изборот беа водителите Татјана Стојановска, Бојана Тевчева и Борислав Тноковски.
Дел од жирито беше водителката Ирена Спировска и моделот Светлана Црнокрак. А додека се броеја гласовите на сцената во НОБ во свечен долг фустан се појави Тамара Тодевска која го отпеа нејзиниот евровизиски хит „Proud“.
Оваа година на 72–то издание на изборот Мис Универзум, Македонија првпат ќе има своја избраничка. На светскиот натпревар за убавина „Мис Универзум“ во Мексико ќе има кандидатки од 139 земји.
Новата Мис на Македонија Теа Георгиевска и претставничка на „Мис Универзум“ како награда ќе добие договор со модната агенција „Даман“ во вредност од 50.000 евра.
Фото: Ванѓел Тануровски