Никој не верува дека на фотките е момче: Сите се шокирани, особено мажите - велат дека е измамник
Веруваме дека досега сте виделе колку е голема моќта на шминката и колку таа всушност може да влијае на нечиј физички изглед.
Иако во повеќето случаи жените се тие кои користат шминка, во последно време сè повеќе гледаме мажи кои го покажуваат својот талент за шминкање.
Момче по име Жаклин Рик (22) редовно објавува видеа на социјалната мрежа TikTok, кои често ги оставаат во шок корисниците на Интернет.
@jocelynclairereed Hi there #fyp #mua #catfish #trans Sway (Sped Up Version) - Michael Bublé
Имено, ова момче речиси секое видео го започнува така што снима без грам шминка, тоа често го покажува на лицето, а потоа следи трансформацијата во жена.
Иако Жаклин природно има женствени црти на лицето, шминката придонесува да изгледа како вистинска дама. Неговите вештини за шминкање се неспорни, а покрај бројните обожаватели кои ги обожаваат неговите трансформации, има и такви кои го нарекуваат измамник.
- Ти и таквите како тебе сте пример зошто шминката треба да биде нелегална - напишал еден маж.
- Кутри ние мажи. Се заљубиш и помислиш: „Каква убава жена“, а тој преварант – додал друг.Фото: printscreen TikTok