Како холивудска дива: Миа Костова воодушеви со изгледот на изборот Маж на годината
Четврта година по ред инфлуенсерката Миа Костова е домаќин-водител на официјалниот избор на Мажи на годината. На гала вечерта која се одржа во DoubleTree by Hilton Skopje, во присуство на голем број јавни лица од бизнис секторот, политиката, и јавниот живот, беа наградија 13 најуспешни Мажи во Македонија за 2021 година.
Миа како домаќин воодушеви со изборот на вечерна тоалета, но и со фризурата. Носеше елегантен црн фустан од тантела и тул кој ја истакна нејзината женственост, а целиот изглед таа го заокружи со најактуелната фризура во моментов брановиден боб. Миа со ваква фризура мора да признаеме дека потсетува на легендарната Мерилин Монро.
Честитки за добитниците и секоја чест за Миа за стајлингот - чиста 10-ка!
Фото: Инстаграм-Миа Костова