ЛАЈКНИ МЕ НЕЖНО
Живо ме интересира што правевте пред лајковите по социјалните мрежи?
Како ве знаеа дека сте малку психо во главата?
За другарка прашувам.
Читам статус на една типка:
- Кој нема да ми лајка ќе го бришам од пријатели. Пасивни луѓе не ми требаат. Јас тука се трудам, заслужувам по еден два лајка неделно - гарант има завршено физика, математика, машински нешо, штом вака прецизно има пресметано колку заслужува. ЦЕРН и НАСА плачат за вакви прецизни, а ние не знаеме да ги цениме овие нашиве што ги имаме.
Убаво ни викаа како мали:
- Учи, не знаеш кога ќе ти се најде. Да не се брукаш во јавност.
И еве, не се избрука, убаво си пресмета умицата, еден два лајка неделно.
Ај оваа што пишала, толку ѝ сече, од амеба имам видено поинтелегентни дела, ама тие 236 лајка што ги добила за ваков пост ми исушија трепавици од што трепкав од збунетост.
Што лајкате се извинувам?
Дека некој ви се заканува дека ќе ве брише од пријатели? Озбилни сте?
Уште па и коментари, ја охрабруваат…
Овие се тие што сакаат да кажуваат дека седеле на маса у кафана со некој што мислат дека е многу важен.
иамепиеноукафанаеднаш - тип на луѓе или иамеседенонамасанаслава.Нормално дека летнав од пријатели со брзина на светлината, може дури и фамозниот блок да го попив. Гарант и ОНА МЕНЕ низ глава и пролетало кога ме ликвидирала.
Ако вие не сте биле толку среќни вас да ве блокира, жал ми е. Ако сакате cena??? / iMboks ќе ви кажам и вам како да направите некој да мисли дека е негова идеја да ве избрише од пријатели, да не бидете вие грешните, особено не во време пости.
И така. седам и се чудам како ли ги проверува лајковите?
Во тефтерче ли запишува? Црн китап од секогаш влевал страв во коски, остај ти…
Ексел табела ли има некоја?
Седнав, пукнав прсти ко пијанист пред настап и културно прашав ако некој е во болница два месеци (нормално црно емотивно сценарио да ја фатам на емоции) или не се најавил на социјалниве мрежи од кои било причини како да стави лајк?
Чудна објава, релативно нелогична таа нејзината.
Добив одговор дека не се работело за само два месеци туку подолго - иако во постот изнудуваше лајкови со закани за бришење ако нема по еден два лајка неделно. Ја замислиив ко Хелгица, во подвезици, со кожен корсет и камшик.
Не ми успеа делот со болницата, бесчуствителна кучка една низаедна. Итрица, остај ти. Има да лајкаш и додека те оперираат ако не сакаш да те избришат.
Ако не можеш ти, остај на анестезиологот да лајка сè од неа. Снаоѓај се!!
Се гине!!! Специјално програмче што ќе свети црвено ако Огнена не лајкне неделава два пати?
Ако некој лајка со срциња, гратис пофалба со таг на пост ли добива?
Чест е чест! Таг на пост…милина брате!
Што па јас се разбирам во окупаторски маркетинг…затоа мене никој не ми лајка. Така ми е кога не гледам и не учам како тоа се прави.
Мила душа, ризик јак и да погинеш, колкО можеш ќе се спасиш.
Чистка се викало тоа кога ќе се проверат лајковите и ќе те нема во топ 10. А мене баш ми беше важно само да учествувам, не и да победувам.Сакав да прашам: а по дома те знаат дека си психо?
За Женски магазин, Огнените ѕверови на Дамјана