ЛАМБЕ НА ФЛОРИДА Ѝ ИЗЈАВИ ЉУБОВ НА СОПРУГАТА: Благословен сум што те имам
Поп-пејачот Ламбе Алабаковски со сопругата Магдалена и со синот Михаил околу две години живее на Флорида, во САД. На својот инстаграм профил, Ламбе објави слика со сопругата искажувајќи емоции.
“ Среќен сум што те имам. Ти благодарам Боже за сите благослови. Ја сакам“, напиша Ламбе. Пејачот кој е по потекло од преспанското село Љубојно, пред пет години направи свадба со Магдалена во еден битолски ресторан. Таа е по потекло од Битола, а долго време живееше во Америка.
Ламбе и Магдалена направија свадба пред пет години, во Битола
„Од кал да е, Магдалена да е“, изјави преходно Ламбе за својата партнерка, кога беа на почетокот од врската. Нивниот син, Михаил се роди токму на роденденот на Ламбе, на 16 ноември во 2014 година.
Пред да се пресели во Америка, Ламбе со семејството живееше во Битола. Музички беше слабо активен, и се занимаваше со фамилијарен бизнис, продажба на јаболката од семејниот имот.
„Долго време се познаваме со Магдалена. Бевме пријатели, а врската ја започнавме кога таа едно лето дојде во Битола“, рече Ламбе за сопругата. Пред свадбата во Битола, која започна со песната „Магдалена“ од Оливер Драгојевиќ, двојката се венча во манастирот Свети Јован Бигорски. (М.Џ.)