Лани на Менхетен, годинава во карантин: Каролина Гочева прослави јубилеен 40-ти роденден

Каролина Гочева, вчера на 28-ми април го прослави својот јубилеен 40-ти роденден во кругот на најблиските.

- Другари, фала ви на сите за честитките и прекрасните зборови, ова бројче заслужуваше посебна журка, но и вака не е лошо... Не е важно колкав е кругот, туку кој е во него. Ве сакам. Cheers- напиша таа на фотографијата со роденденска торта и огромна насмевка, пред уметничкото дело на својот сопруг Михаил Корубин, кој неодамна го прослави својот роденден на необичен начин.


Минатата година, пејачката за време на својот роденден беше во Њујорк, на изложбата на својот сопруг.