Лажат ли Хари и Меган за бркањето на папараците?! Еве што рекол градоначалникот на Њујорк
Меган Маркл и принцот Хари ја прославија својата петта годишнина од бракот во петокот (19 мај), само два дена пред нивниот публицист да открие дека славната двојка за малку ќе доживеала сообраќајна несреќа во Њујорк додека ја бркале папараците. Понатамошното расплетување на приказната покажа дека тие изјави не соодветствуваат целосно со вистината. Се огласија и пријателите на Хари.
Пријателите на британскиот принц рекоа дека Хари им кажал дека наводниот инцидент во Њујорк е најблиску до разбирање низ што поминала неговата мајка принцезата Дијана, која загина во сообраќајна несреќа во Париз во 1997 година додека бегала од папараците.
За оваа трагедија Хари зборуваше во своите мемоари „Spare“, кои беа објавени на почетокот на оваа година. Сепак, таксистот кој ги возеше него и Меган Маркл таа вечер изјави дека немало драма во Њујорк.
Градоначалникот на Њујорк, Ерик Адамс, истакна дека безбедноста на граѓаните мора да биде на прво место, но не потврди дека има извештај за двочасовна потера на папараците по Меган и Хари, како што рече нивниот портпарол.
Поради различните верзии на настаните, Меган и Хари беа предмет на бројни објави на Твитер, истакнувајќи ја нивната желба да бидат во центарот на вниманието...
... и на крајно ироничен начин се нагласува дека претерале со настаните.
Сепак, тоа во никој случај не ја намалува важноста на безбедноста на јавните личности и претпазливоста што им се советува на сите кои постојано се на нивните потпетици.
ФОТО: Инстаграм принтскрин