Лејди Гага испишува историја: Објавени номинациите за Оскар

Лејди Гага испишува историја на Оскарите. Таа е првата ѕвезда на која ѝ успеало во иста година да биде номинирана за најдобра актерка и за најдобра оригинална песна. Филмот „Ѕвездата е родена“ во кој игра заедно со Бредли Купер, кој е и режисер на остварувањето, заработи 8 номинации и тоа во главните категории.

Американската aкадемија за филм и наука денес ги објави номинациите за 91-то издание на најпрестижните филмски награди кое ќе се одржи на 24 февруари. Најмногу номинации годинава добија филмовите Roma и The Favourite, секој по десет. Комплетната листа ја имате ОВДЕ.