Лекарите предупредуваат дека овој предмет во куќата може да не убие за неколку секунди и сите се шокирани

Добивај вести на Viber

Сите луѓе имаат страв од смрт, па многу стравови, кога станува збор за начинот на умирање, често се ирационални. Сепак, иако многу луѓе се плашат од авионски несреќи, сообраќајни несреќи, пожари или диви животни, излегува дека обичните предмети во нашите домови можат да претставуваат многу поголема закана за животот.

На социјалната мрежа Редит се појави објава со наслов: „Кои работи во куќата можат да не убијат за неколку секунди“, а ова прашање предизвика реакции во професионалните кругови, па се огласија и лекарите кои ги предупредуваат за опасните работи и предмети со кои секојдневно доаѓаме во контакт без да бидеме свесни за нивниот потенцијал да предизвикаат смрт.

Како прво, одговорите од корисниците на гореспоменатата мрежа се движеа од струен удар и 'рѓа до мешање на вообичаени хемикалии за домаќинството, како што се оцет и белило. Сепак, еден од најистакнатите предмети, кој предизвика најмногу реакции, беше масажерот.

„Иако рачните масажери се генерално безбедни за употреба на мускулите, нивното користење на вратот може да биде опасно. Високите вибрации што ги создаваат овие уреди може да ги повредат незаштитените делови на вратот, а во ретки случаи може да предизвикаат оштетување на меките ткива или симптоми слични на мозочен удар“, изјави еден корисник.

Медицинските експерти долго време ги советуваа сопствениците на овие апарати да не ги користат во близина на 'рбетот, бубрезите, големите крвни садови и ребрата, а тоа посебно го истакнаа за Дејли Мејл по виралната објава и стравот што го предизвика кај јавноста.

Во ретки случаи, уредите за масажа може да предизвикаат сериозни или опасни по живот повреди, вклучувајќи фрактури или оштетување на зглобовите, згрутчување на крвта и распаѓање на мускулното ткиво во телото. Користењето масажер, исто така, може да предизвика фрактури кај луѓе со слаби или кршливи коски, што ги прави поподложни на повреди.

Туш кабината како „тивок убиец“

Многумина го истакнаа и ризикот од лизгање под туш, што може да предизвика потрес на мозокот и згрутчување на крвта.

Лизгањето под туш води до голем број смртни случаи

Ова може да доведе до сериозни повреди на главата, па дури и смрт, особено кај постарите лица.

Иако Центрите за контрола и превенција на болести не објавија податоци за бројот на смртни случаи предизвикани од потрес на мозокот во 2024 година, тие наведоа дека 69.000 смртни случаи поврзани со трауматски повреди на мозокот биле регистрирани во 2021 година.

Извор: Жена блиц