Лекарка ги откри сите корекции на Џеј Ло: Се фали со својот природен, младешки изглед, но всушност ова го направила

Многумина се прашуваат какви естетски операции направила Џенифер Лопез, а познатата докторка Кристина Давидовиќ ја открива вистината.

Естетските корекции се сè попопуларни меѓу познатите дами. Додека некои наши познати жени очајнички се обидуваат да го сокријат фактот дека имале интервенции, и покрај очигледната разлика во изгледот, ситуацијата во Холивуд е нешто поинаква.

Сепак, колку и да се трудат некои од нив да го сокријат фактот дека имале процедури, тоа не може да им избега од очите на експертите. Познатата српска докторка Кристина Давидовиќ која со години се занимава со естетска хирургија откри какви зафати имала познатата дива Џенифер Лопез.

И покрај тоа што Џеј Ло еднаш негираше дека направила нешто на себе, д-р Давидовиќ откри дека пејачката редовно работи на затегнување на кожата на лицето и на нејзиниот волумен, а правела и усни и ботокс.

„Џенифер Лопез ги осигурала сите оние делови кои естетски ги коригирала - половината, бутовите и задникот, а ако се сеќавате правела и липосукција, липотрансфери и слично“, објасни д-р Давидовиќ.

Докторката додаде дека Џеј Ло е родена со убави црти на лицето и добра генетика, но дека по 50-тата година доаѓа постепено стареење и дека пејачката ги правела сите оние третмани кои водат до затегнување, односно намалување на кожата.

„Анти-стареењето на познатата уметница Џеј Ло е доста успешна поради две причини - таа е родена убава (пред се измешани гени во своето потекло) и почнала сè на време... Ние кои доста ја следевме во доцните деведесетти и почетокот на 2000-тите, ги слушавме нејзините песни и гледавме филмови, ќе се потсетиме дека таа секогаш беше „посилна“ во бутовите, но со појавата на најмодерната липосукција, тој проблем стана минато и конзистентноста на нејзиното тело е беспрекорна...“, напишала докторката на својот Инстаграм и додала:


„Некои пациенти ми рекоа „не е очигледно дека направила нешто, таа е иста како порано“... токму тоа е доброто анти-стареење, бидејќи нема опција да бидеме исти 25 години подоцна како што бевме на дваесет... Пред година-две, таа крена бура со изјавата дека не прави ништо друго освен редовно користење на својата козметика и изјавата „Јас не сум таква девојка“ за користење ботокс, па докторите ширум светот се огласија и фактички го побија ова...

Некогаш промовираше и технологија против стареење Ultherapy со посредство на ултразвук, која ја користеше за одржување затегната кожа и поткожно ткиво... Се шпекулира за операција на носот, се обидов да побарам разни информации и да погледнам многу папарацо фотографии од порано, но не сум сигурна... што велите?! Во секој случај, треба да знаеме дека цената на „вечната“ или барем долготрајната убавина е прилично висока, но е достижна, иако се работи и за престиж..


Фото и Видео: Инстаграм/Pinterest

Моника Белучи беше синонинм за природна убавина, а потоа позната докторка ги откри сите корекции кои ги правела: На овие делови од лицето најмногу се забележуваат