Моника Белучи беше синонинм за природна убавина, а потоа позната докторка ги откри сите корекции кои ги правела: На овие делови од лицето најмногу се забележуваат
Повеќето луѓе мислат дека Моника Белучи нема направено никакви естетски зафати на лицето и телото. Меѓутоа, реалноста е поинаква. И една од најубавите и најсексипилните жени на светот направи пластична операција. Токму затоа се крена голема „прашина“ на една социјална мрежа на позната докторка по пластична медицина во Србија, Кристина Давидовиќ.
Да се разбереме, Моника е вистинска убавица во секоја смисла, и физичка и духовна, или како што би рекле луѓето - убава е и одвнатре и однадвор. Таа има став, женско однесување, убави манири, држење и секако безвременска грациозна убавина. Сепак, годините не се на страната на жените и стареењето.
Моника припаѓа на генерацијата која подоцна започна со естетски третмани против стареење, бидејќи кон крајот на деведесеттите и 2000-тите овие процедури беа на почетокот на научниот развој и експанзија.
„Тогаш имаше различни материјали и техники, лаички кажано, сè беше во повој. Да напоменам, лигаментозниот систем на лицето, кој е најважен за правилно и природно антистареење, беше „откриен“ дури во 2007 година, а труд објавен во магазинот PRS. Како што вели еден од моите ментори, „третманите против стареење се ефикасни против стареење, а не за време на стареењето“, вели д-р Кристина Давидовиќ во објава на нејзиниот Инстаграм профил.
Анализа на естетските корекции на убавата Моника Белучи:
Според д-р Давидовиќ, во период од 20 години, од триесеттите до педесеттите години, стареењето е видливо и не може да се случи со возраста нашите јаболчници, премаксиларните и предмандибуларните области да станат пополни.
Забележлива разлика можеме да видиме на фотографиите на оваа прекрасна дива. Имено, линијата на раздвојување на материјалот на усните е видлива на фотографиите на оваа позната актерка.
„Со возраста губиме хијалуронска киселина, колаген и многу градежни компоненти. Коскената рамка на лицето, односно черепот се ресорбира, орбитата се шири, максилата станува ретроградна, мандибулата значително се менува (па и ако ни недостасуваат заби, коскени структури се ресорбираат уште побрзо и пообемно), така што компензацијата на волуменот е задолжителна како и затегнување на кожата за таков јасен изглед дваесет години подоцна. На сите фотки и улоги, гледаме јасна денаркациона линија што го одвојува филерот на усните“, вели др. Давидовиќ на крајот и прашува како ни се допаѓаат корекциите што ги направила.
Фото: Инстаграм/ Youtube - screenshoot
Извор: женаблиц