ЛЕКЦИЈА ОД ЖИВОТОТ: Моќта на татковиот бакнеж

Добивај вести на Viber

Тоа утро тој доцнеше на состанокот, и само и довикна: „Морам да одам“.

Го префрли капутот преку раменици и истрача од дома. Додека веќе седеше зад волан и одеше низ улицата, таа дотрча низ скалите во исто време довикнувајќи: „чекај, чекај“, но тој веќе отиде.

Нејзините мали усни се собраа, а очите засолзија. „Тато заборави да ми даде бакнеж пред да си отиде“, прошепоти со глас кој трепереше под тежината на тагата. Таа го повика: „Тато отиде, а не ми даде бакнеж“, рекла обвинувајќи го.

„Жал ми е душо“, рекол а гласот му затреперил.

„Добро, нема врска, знам, брзаш“, рекла , обидувајќи се да звучи возрасно пред да ја спушти слушалката.

Брзо го изеде појадокот, ги облече чевлите, ја зеде својата школска чанта и тргна кон излезот. Додека одеше по улицата, автомобил нагло закочил, и застанал пред неа. Излегол од автомобилот. Се затрчала во негова прегратка, а целото мало лице сјаеше како сонцето“.

„Жал ми е што заборавив“, рекол, кога ја земал во раце и прегрнал. Таа не кажала ни збор, само широко се насмеала и цврсто го гушнала.

Петнаесет години подоцна, никој веќе не памети кога таткото доцнел на состанок, но ова девојче никогаш нема да заборави дека нејзиниот татко се вратил назад дома само за да ја бакне.