Леле колку си грда: Јелена Спенџарска искрена за коментарите кои ги добива во инбокс

Добивај вести на Viber

Познатата водителка Јелена Спенџарска, е доста активна на социјалната мрежа Инстаграм на која ја следат над 37 илјади следбеници. Таа често објавува фотографии, а под истите изнесува свои размислувања на многу теми.

Овојпат е искрена за пораките кои ги добива во инбокс, а најчесто се од жени, и е благодарна за сè она што е денес.

„Понекогаш,кога ќе добијам во инбокс некој коментар од некоја девојка/ жена ( 99% е секогаш од жена) - 'Леле колку си грда,' ми иде да се гушнам себе си и да си кажам- фала ти Боже што ме благослови толку и создаде од мене ова што сум денес.

Фала ти што не сум толку несреќна, та да имам потреба да им го истурам својот гнев на другите жени, ги познавам лично или не- небитно!

Фала ти што не сум исфрустрирана и да ми боде во око секој кој има храброст да живее баш онака како што си сака ... и одлично го прави тоа.
Фала ти за разумот кој свесно го користам да знам дека секој има право да работи што сака, да биде со кој сака, да изгледа онака како што сака и не сум јас никоја и ништо да се мешам во нечиј избор, да ставам ред и измислувам правила затоа што ЈАС НАЈДОБРО ЗНАМ... НЕ ЗНАМ! И оставам секој сам за себе да одлучува зошто секој сам најдобро си знае како му е во сопствената кожа.

Едноставно таквите пораки ми се повик за помош! Ги замислувам истите тие девојки/жени кои пишуваат такви зборови, значи буквално ги замислувам, како пет минути пред да седнат на мобилен, се гледале во огледало и си рекле -' Леле колку ми е ужасен животот, колку мизерно се чувствувам оти нити сум таму кај што сакам да бидам, нити го правам тоа што ме исполнува, колку сум несреќна што се околу мене оди напред, а јас со години стојам во место заглавена во лоша врска/ брак или заглавена во милион проблеми или во нерасчистени односи со луѓето околу мене, дај ќе и пишам на оваа Јелена, ја гледам на инста, таму нешто глуми лудило,мува не ја лази, секој ден се нешто прави, многу се занесува дека е битна фаца, дај ќе и кажам дека е ружна, па може ќе ми биде подобро'.
Ок.

Она кое го научив со време е дека секогаш можеш да ги обвинуваш другите и да глумиш жртва на системот ама и СЕКОГАШ можеш да преземеш одговорност за сопствениот живот и од него да направиш нешто чудесно.
Исполнет и реализиран човек НИКОГАШ нема да пишува отровни зборови online и свесно да прави некој друг да се чувствува лошо!
НИКОГАШ!

Фала ти Боже што создаде од мене ова што сум денес!“


View this post on Instagram

A post shared by JELENA SPENDZARSKA (@jelenaspendzarska)




*Необично име со посебно значење: Не ни претпоставувате како се вика внуката на Јелена Спенџарска