Лепа Брена без грам шминка: Пејачката во шестата деценија изгледа одлично

Судејќи според изгледот на пејачката, одморот и годи

Фолк sвездата Лепа Брена и нејзиниот сопруг Боб Живојиновиќ го продолжија одморот во Хрватска, откако во претходните недели уживаа во Азурниот брег, Италија и Црна Гора.

Брена објави неколку фотографии од Хрватска, а посебно внимание и бројни реакции беа предизвикани од фотки на пејачката на која таа е без грам шминка и фотошоп.

Пејачката позираше насмеана, видливо среќна и задоволна, а без никаков проблем таа го фотографираше нејзиното лице во природно издание.


Брена очигледно уживала на одморот. Неколку недели таа и нејзиниот сопруг поминаа во крстарење на нивната јахта, која наводно чини 890.000 евра.

Пејачката доби бројни комплименти, а многумина се согласуваат дека Брена изгледа одлично и зрачи со позитивна енергија.