“Letterkenny“, несекојдневна комедија за подигање на предновогодишното расположение

Сатирично шоу со брзи ритмички и комични дијалози во култната канадска серија “Letterkenny“, идеална за предпразничната атмосфера.

Серијата која започна како веб-серија на YouTube,а освои награда за најдобра хумористична серија на Canadian Screen Awards, отсега е достапна и за македонската публика, на првата национална стриминг платформа Gley.

Приказната за измислената рурална заедница од 5.000 луѓе, сместена во северниот канадски град Онтарио,e создадена од Џаред Кисо, кој го игра главниот лик во серијата - Вејн, заедно со својот најдобар пријател Нејтан Дејлс - во улогата на Дерил.

Оваа хумористична серија ги прикажува лудориите на жителите на Letterkenny кои се поделени во три групи:фармерите („хиковите“); жителите надвор од градот кои го сочинуваат локалниот тим за хокеј на мраз,зависниците од дрогадомородци, верниците, малцинската заедница („лизгачите“); членовите на Првата нација („домородците“), локалните Менонити и Квебекои, надополнети со сатирата на локалното свештено лице кое всушност е геј.

Заплетите често се вртат околу тоа што Вејн ја брани својата репутација како „најсилен дечко во Letterkenny “, подвизите на градскиот хокејски тим кој ретко победува, шемите на “лизгачите“да ги оттргнат жителите на Letterkenny  и домородците, како и новата врска на Вејн по раскинувањето со средношколската љубов која го изневерила.

На „Хикс“ Вејн и Дерил им се придружуваат сестрата на Вејн, Кејти и нивниот пријател Сквирили Ден, кои редовно може да се најдат како се гужваат на фармата или на нивниот штанд за зеленчук. Кејти, ја започнува серијата во врска со двајцата стереотипни хокеари Рајли и Џоунси, кои го делат времето помеѓу лизгалиштето и теретаната. Нанижаните шеги се предводени од Стјуарт  и неговиот симпатичен помошник Роалд , екипа која обично продава дрога. Повеќето епизоди се одделни приказни за секоја група, но кога тие се вкрстуваат, смеаа е неминовна

Дали треба да ја погледнте “Letterkenny“?

Апсолутно!Сценариото е непоразено и ги надминува  другите современи канадски комедии. Играта со зборови на Џаред Кисо и режисерот Џејкоб Тирни е често извонредна, со брилијантни мисловни експерименти. Разликите исченуваат кога на хокеарите им е потребна заштита, на лизгачите им е потребно спасување или кога коцкастите организираат забава на фармата.

Смејте со ликовите од руралната сторија за “Letterkenny“. 8 сезони со вкупно 54 епизоди достапни на Gley .

До содржините на GLEY можете да пристапите преку апликации за Smart TV, мобилен, таблет, компјутер како и за MaxTV корисниците.