Лицата со хронични и срцеви заболувања на удар на коронавирусот: Препораките и терапијата најважни

Добивај вести на Viber

Хронично болните лица и кардиолошките пациенти се повеќе изложени на ризик од коронавирусот Ковид-19. Препораките од кардилозите се доследно почитување на препораките на здравствените власти, колку што е можно повеќе да бидат изолирани од потенцијално заразени лица, редовно да ја примаат терапијата и да избегнуваат посета на лекар доколку тоа не е неоходно. Препораките за заштита во актуелниот момент на пандемија со коронавирусот треба да бидат следени и почитувани, бидејќи даваат одлични насоки за сите наши граѓани, а посебно од лицата со кардиолошки проблеми, советува д-р Жарко Христовски, кардиолог од Клиничката болница „Аџибадем Систина“.

„За хронично болните и кардиолошките пациентигенерална препорака е да бидат изолирани од потенцијално заразените лица, редовно да ја примаат препишаната терапија, да примаат храна богата со витамини.За специфичните прашања за секој поединечен случај, посебно во услови на појава на некој од симптомите на респираторна инфекција советувам да се консултира матичниот лекар, кој ќе препорача евентуална потреба од дополнителни инвестигации и тестирања. За специфичниот проблем со евентуални срцеви проблеми генералната препорака, а и мојата препорака е консултирајте го по пат на телефон, порака или електронска пошта својот кардиолог за совет“, посочува д-р Христовски.

Ризикот е поголем кај повозрасните пациенти

Пациентите со кардиолошки заболувања треба да ги следат генерално препораките за заштита од вирусот, да ја примаат редовно препишаната кардиолошка терапија. Поради самиот фактдека се пациенти со зголемен здравствен ризик, според  д-р Христовски, овие пациенти би требало да бидат многу подисциплинирани во поглед на почитување на препораките за избегнување контакти и собирање во поголеми групи, посебно со непознати лица.

„Ризикот за пациентите со срцеви заблувања од Ковид-19 би можел поединечно да се анализира, но зависи пред сè од општата состојба и возраста на пациентот. Покачениот крвен притисок не е во директна корелација со ризикот од инфекцијата“, појаснува д-р Христовски.

Препишанта терапија да се зема редовно и да се внесува храна богата со витамини

Во oвој момент, како што потенцира кардиологот д-р Христовски, нема препорака за корекција на редовната кардиолошка терапија кај пациентите кои се потенцијално заразени со вирусно заболување.

„Има непроверени податоци забележани на млади пациенти за потенцијална опасност од примање одредена група на широко применувани лекови за крвен притисок или нестероидни антиревматици. Овие информации ќе нагласам декасе непроверени и многу ги збунуваат нашите пациенти.Препораката е примајте ја редовно својата терапија“

Во поглед на примање на антиинфламаторни лекови и лекови против болка или покачена температура, препораката од д-р Христовски е итна консултација со матичниот лекар.