Личност на годината за 2021 година на Женски магазин е...

Добивај вести на Viber

Македонија е мала, но има срца големи како планина! А, таквите најмногу се познаваат кога на некој му треба помош! 2021 беше тешка година! Многу предизвици со кои се соочивме, многу борба... Неколку жени се истакнаа со својата способност, вештина, талент, добрина, хуманираност и секоја чест за нив!

Тимот на Женски магазин недвосмислено ја избра Кристина Арнаудова за личност на 2021 година! Зошто таа?

Со нејзиниот проект Среќа- проект Куќа направи 8 домови кои ги снимаше и сето тоа беше прикажано на телевизија, и уште многу домови кои воопшто не ги снимаше, ама ги има сите документирано. Многу семејства од финансиски загрозените категории добија пристојно место за живеење, топла облека, храна... Кристина вели дека е претешко, дека интересот на компаниите да влезат и инвестираат во ваков проект кај нас е скоро непостоечки. Но, и дека успеала!

Кога ја контактиравме за интервју, таа не не знаеше дека ја избравме за Личност на годината на нашиот магазин.

Ти честитаме!

* Во година која според многумина е најтешка во изминативе децении, вие успеавте да ја реализирате вашата целосна хуманитарна замисла на Проект Куќа? Па, како успеавте?

- Да, успеав да ја реализирам. И технички и визуелно за телевизија како тв производ. Не знам како успеав, просто знам што правам и одам кон целта. Не е ништо комплицирано кога човек не се плаши од работа и не се плаши да учи. Декако треба и стратегија, план, визија…Но кај нас дури и сето тоа кога го имаш пак е претешко. 

* Колку домови до сега се направени и колку допрва ќе следуваат? 

- Оваа сезона реализиравме 16 епизоди, а сезоната ќе заврши на 15 јануари. Доста домови, 8 домови кои ги снимивме, и уште неколку кои воопшто не ги снимавме. После оваа сезона, не знам дали ќе следува нешто,ми треба време за одмор, и да размислам дали воопшто можам да ја продолжам оваа моја екскурзија. Претешко е како проект, прескапо, а поддршката од општеството е минимална за жал, особено од компании и институции… И да сакам сама да продолжам, не можам. Покажав дека ваков проект може да се изведе, дека и во Македонија е можно да направиме ваков производ. Сега сакам само да се одморам, оваа година беше за мене и физички и психички тешка….

* Од каде и како добивате помош за овие нешта кои навистина бараат финансии, материјали...?

Па како што самите гледате, барам, молам, пишувам писма, објавувам апели, се јавувам секаде….Сите знаат колку е тешко и скапо да се направи дом, а пак тоа да се направи само од донации е мало чудо... немав стабилна финансиска конструкција и буџет за продукција, буџет за мајстори, како што имаат другите емисии од ваков тип. Мислев дека ќе успеам да направам, ама тоа не се случи. Просто интересот на компаниите да влезат и инвестираат во ваков проект кај нас е скоро непостоечки. 

* Колку е тешко да се изгради- создаде еден дом? Како ги бирате луѓето на кои ќе им го направите домот?

- Тоа е задача на тимот од Проект Среќа, семејствата беа одбрани упте во 2019 година…па не фати пандемија, па се спремавме и така помина време…Колку е тешко да се изгради дом знаат сите, а колку е тешко од руина да се направи дом, е тоа е веќе претешко. Можевте да видите и самите со што се се соочував во целиот серијал. 

* Имате ли некакви податоци колку луѓе во Македонија живеат на работ на егзистенција, а некои и кои немаат ни за леб, покрив над глава?

- Има некои официјални податоци кои не знам колку се ажурирани, и велат дека над 400 000 лица живеат со еден оброк дневно. Кај нас се ситомшни и оние кои работат и земаат минимална плата. Тоа е таа скриена ситомаштија, кога демек работите ама со платата неможете да покриете ни кредит и сметки, не пак нешто друго….

* Што ве „тера“ да помагате? Од каде ја црпите силата? Тоа е толку благородно нешто...

- Пред 6 години решив да го следам моето срце и внатрешниот порив да помагам. Приметив дека тоа ме прави најсреќна. Решив од тоа да направам моја професија и да најдам начин да помагам на многу семејства. Така се роди Проект Среќа… 

* Како изгледа радоста на луѓето кога ќе им помогнете? 

- Нема збор да се опише тоа. Имам приметено дека дури им е страв и срам да се израдуваат… како среќата да е забрането нешто. Ние сме за жал земја на луѓе кои забораваат да се радуваат и смеат. Но децата не знаат да скријат радост, се уште светов ги нема расипано, сјајот во нивните очи е награда за се…

* Кои се следните планови на проект Среќа?

Проект Среќа секоја година има нова програма и многу проекти. Кризата и нас не згази јако. Донации се помалку, компаниите кои ни помагаа се намалуваат заради кризата. Во моментов само сакам да преживеемее. А дека ќе работиме, ќе работиме…кај нас тоа се подразбира. Работиме за среќа на сите деца! 

Но, како постигнувате се‘- дом, семјество, градење на теен, хуманитарни акции...

* Како постигнувам? Понекогаш и самата се прашувам. Добра организација е одговорот, и многу љубов и посветеност. Реално, моите деца скоро и да немаат почувствувано мое отсуство од домот, и тоа ме прави среќна…ако мислите дека имам помош, дадилка и сл, не немам, иако често сум на работ да почнам да барам хахахаха. Новата година традиционално ја дочекуваме во Банско со пријатели на отворено, со сите наши деца! 

* Што би им посакале на читателите на Женски магазин за Новогодишните празници

Да бидеме благодарни и добри луѓе, да подариме нешто некому кој нема ништо. Да се сакаме и да помине пандемијата па да почнеме конечно сите да живееме со полни гради! 

Небојша Толески