Дава љубов до небото: Жената во овој хороскопски знак има најголемо срце
Таа се смее најсилно, има најубава насмевка, а нејзината самодоверба се гледа од сите страни. Привлечна е, сигурна во себе, стравствена, тврдоглава, за неа велат дека сака најлудо, полна е со живот и желба за љубов.
Ако не ни помислувавте, во прашање е жената Лав.
Независна и со силна индивидуалност Лавицата сака партнер со кој ги дели тие особини. Не ѝ треба никој кој ќе се грижи за неа, туку маж доволно сигурен во себе да ѝ дозволи покрај него да се покаже во своја полна сила. Во врската сака секогаш забава и динамика, не сака рутина.
Лавицата како магнет околу себе ги привлекува луѓето, а нејзините пријатели неретко се и нејзини обожаватели.
Густа нескротлива коса, изразени црти на лицето, големи, топли очи, широко чело, прчест нос и мали уши се физички карактеристики по кои Лавицата е препознатлива. Најмногу е горда на својата густа коса со дебели влакна која обично е во плава или црвена боја.
Висока е, со долги нозе, елегантна и цврста мускулатура и кралски став. Секогаш изгледа угледно, горделиво и урамнотежено.