Љубов или панаѓур: Ана Јовковска секоја среда на Женски Магазин

Од оваа среда почнуваме дружби со познатата Ана Јовковска - новинарка, писателка, ТВ-водителка, специјалист за односи со јавност и промоција, тренер за комуникациски вештини и личен и професионален развој, активистка и хуманистка. 

Низ серијалот колумни на Женски Магазин под насловот „Љубов или панаѓур“, ќе живееме моменти од секојдневието, заедно ќе се смееме и ќе плачеме, ќе се сакаме...

Утре започнуваме со „Хиперболизирана тага“, а ова е само мал извадок кој ќе ве натера никако да не го пропуштите нашето заедничко патување: 

„После единаесет години врска (од кои неколку и брак) ниедно правило на љубовта што сме го прочитале во „просветлувачките“ книги не важи! Ги листам во главата сите мудри филозофии за љубовта како движечка сила во животот, сите мантри за мир, сите пораки за натчовечко разбирање, трпение, простување... а во телото притисокот ми шишти двесте.“

Се читаме!