Љубов престрашна, што стори
Однапред се извинувам за несоодветната употреба на зборови, од
секојдневието ми е
За волја на вистината, имам повеќе пријатели мажи околу себе отколку жени. Веројатно затоа што работам со жени секој ден, а и најдобрите пријателки ми живеат китка матка низ светов, далеку сме една од друга, па така останав со една екипа на лудаци што генерално ги обожавам, а се едно комплетно неочекувано секојдневие за една девојка.
Во последно време, на дневно ниво, по едно милион пати, секој пат од различен профил на стрејт маж слушам коментар од типот сите жени се курви, вие сте сите курви, проститутки, дрољи, ороспии. Дури и со директни обраќања, дури и оние во брак, дури и оние со ќерки, дури и оние кои не би требало по текот на нивниот живот да бидат толку оштетени, го имаат тоа Жена Дроља ставување. За разлика од нив, дечки кои се геј, имаат далеку повеќе почит кон женскиот род, отколку оние кои треба да ги љубат. Па сум била во ситуации каде еден од нив ми отвара врата и ми ги зема кесите, бидејќи сум често маж за себе и мкнам ко за двајца, а дечко кој се обидува да ме придобие и ми се запуштава, ми мафта од кола и ме гледа како влечам и ми вели, тешко е а..
И да се вратам на курвите, да се биде или не и кој е крив. Десет години бев надвор од земјава, не знаев што е категоризација на човечки род се додека не дојдов овде. Ги делев луѓето на добри и лоши, се вратив и запознав курви, лезбејки, педери, муслимани…. Кај ја утнавме, од каде е омразава, од каде се фрустрациите и стравот. Сте сакале, ве повредиле, не испаднало како што сте очекувале. И ? Каде е курвата во приказната, или еве и кај нас жените со генерализација на сите мажи се исти, сељачишта, исто ќе те повредат. Каде е сељакот во таа приказна, што едноставно не сте можеле да се досакате. Во кој век заглавивме, кога броиме партнери, врските ни се сведуваат на површни односи и трачарања, а си патиме ко палмине на кеј! Живееме во неприроден и исфрустриран амбиент кој уште повеќе не тоне, и не тера да се тагуваме, да се мразиме на фејсбук, да си праќаме голотии скришно и кога ќе дојде оној некој што ќе те тресне од земја, најкукавички на свет да избегаме од она што можеби ќе биде најголемата љубовна приказна раскажана некогаш! Од пусти страв, да не пропатиме, си се крстивме, курви, педери, ебачи, стоки, гадови… Во цела парада на погрдни епитети каде отидоа луѓето?
И не, нема да ви прифатам дека сме сите исти, кога не сме. Нема да ви прифатам дека општеството не направило такво, кога до нас е. На мажите им фалат муда за да сакаат пак, а на жените храброст за да признаат дека можат да бидат со партнер, а не со спонзор. Зошто на крајот на денот, секоја ваша курва, секој ваш спонзор, сака едно те исто, Љубов, Партнер и разбирање. И не не ви верувам ако ми кажете дека е ова клише, Не е, ова се муда за да живееш со полна плуќа без празни етикетирања, со исполнети мигови и потенцијални партнери со кои можеш и полесно е да го освоиш целиот свет! Кој од вас не е избезумен кога заспива во прегратка на човекот во кој што е заљубен? Колку сила имате во вас кога сте заљубени, среќни и целосни со некој со кого знаете дека може да биде најубаво и најлошо во исто време, зошто како беше она, Цело е кога има се? Зошто секоја ваша такозвана курва, плаче веројатно по вас, секој ваш спонзор сонува да го сакате заради него а не неговата имовина, и секој момент поминат во празни кревети полни само со соништа нема да ве направат среќни. Следен пат кога ќе решите некого да етикетирате, размислете за жената која ве родила, за ќерката која ќе ви се роди, за братот кој ви го чува грбот, за таткото кој оделува се од него за да си среќен! Следен пат кога ќе навредите некого, имајте во мал мозок информација дека во истиот момент некој ве навредува вас! Секој пат кога некого ќе омаловажите, бидете свесни дека Карма ради дупло.
Не ние не сме курви дечки. Всушност можеби и сме, домаќинка во кујна, дама на улица и курва во кревет, дека така можеби и треба, ама само за еден, оној кој е спремен да не сака со сите три дефиниции заедно. Само за оној за кој сме спремни срцето со две раце да го извадиме и да му го сервираме на тацна. Освестете се, и пуштете ја секоја жена да ве засака, засакајте ја и вие неа, и ќе видите што значи рај на земјава! Дозволете следниот да ве повреди, дајте му време без страв, затоа што можеби следниот е тој што ќе ви даде Се.
Јас сум Ивана Кнез, нема курви на светов, има само изгубени души што заталкале по погрешен пат заради преголема болка. Ова е за сите мои мили, што не се плашат да сакаат до перверзија, без предрасуди и без очекувања. Со затворени очи и почит кон партнерот покрај себе.
Се читаме следната недела.