Љубовен хороскоп за мај: На Биковите ќе им „пукне“ врската, Лавовите повторно во приказна со поранешниот

Добивај вести на Viber

Овен

Вашето семејство бара од вас повеќе да се посветите на тоа. Од друга страна, партнерот ви посветува повеќе внимание и вие уживате во тоа. Слободните можат да запознаат личност со која ќе имаат убава и стабилна врска.

Бик

Мај ви носи промени и на љубовно поле. Впрочем, сè што е разнишано, сега пука. Преживуваат врските кои се силни.

Близнаци

Вашата комуникација е пренагласена. Кажувате нешто во миг и не мислите така. Токму оваа импулсивност може да ве доведе до ситуација партнерот да пукне и да не може повеќе да ја поднесе вашата напната состојба. Слободните луѓе преку игра на зборови можат да дадат убави сигнали на личност која е поврзана со вас преку работата.

Рак

Ви се насмевнува неочекувана принова во семејството. Тоа дефинитивно ќе ја обликува вашата врска и ќе ја отвори вратата за сосема нов свет. Слободните луѓе запознаваат личност со која преку работата ќе имаат турбулентен однос.

Лав

Зафатените Лавови ќе имаат сериозен и конкретен разговор со партнерот. Тогаш ќе знаете дали продолжувате или дефинитивно е крајот. Големата љубов од минатото се враќа на голема врата!

Девица

Може да ви се случи едно пријателство да прерасне во убава љубовна врска. Зафатените луѓе не треба премногу да размислуваат за иднината, туку треба да уживаат во овој момент со партнерот.

Вага

Очекуваните трошоци во мај може да доведат до конфликти и кавги во семејството. Партнерот ќе биде нервозен и нема многу разбирање. Слободните ќе имаат повеќе љубовни понуди. На вас е да одлучите што сакате.

Шкорпија

Во мај ќе има многу посесивност и љубовни сцени. Застани и размисли, даваш ли причина за тоа?! Слободните ќе имаат кратка и страсна љубовна врска!

Стрелец

Партнерот бара од вас повеќе внимание и заеднички да донесувате одлуки. Навикнати сте на моментот и тоа му пречи. Седнете и обидете се заедно да испланирате луд одмор. Слободните преку пријатели запознаваат личност која нема да им се допадне на прв поглед, но преку дружење го менуваат мислењето.

Јарец

Премногу сте зафатени со ситници. Тоа му пречи на вашиот партнер и сака малку да се опуштите и да бидете поспонтани. Слободните уживаат во својата слобода, но нема да останат имуни на едно спектакуларно додворување во средината на мај!

Водолија

Преку работата запознавате личност која многу ќе ве привлекува. Ќе имате кочница затоа што таа личност е зафатена. Вие одлучувате дали ќе се впуштите во оваа авантура! Ќе имате убав месец и ќе уживате во љубовта!

Риба

Се е до вашата работа. Оние кои се во врска ќе имаат сериозен разговор со партнерот бидејќи партнерот повеќе не разбира за вашата прекувремена работа. Слободните ќе запознаат многу интересна личност меѓу своите колеги!