Љубовницата конечно го дочека прстенот: Џеф Безос не штедел на дијамантот, се гледа оддалеку

Добивај вести на Viber

FOTO: Instagram screenshot 

Со денови уживаа на неговата луксузна јахта, а сега веридбата со најблиските ја прославија во Кан

Џеф Безос (59) и неговата партнерка Лорен Санчез (53) се почестија со вечера по нивната неодамнешна свршувачка. Телевизиската водителка не го криеше големиот дијамант кој сега ѝ ја краси раката.

Првиот човек на Амазон често поминува време со неа на својата луксузна јахта, каде што исто така клекна на едно колено, а парот сега реши да слави со сестрата на Лорен, Кристин и нејзиниот сопруг.


Заедно биле на вечера во „La Petite Maison“ во Кан. Безос не штедел на својата вереница бидејќи папараците дури и оддалеку можеле да го забележат дијамантот на нејзината рака.

Инаку, Лорен му била љубовница на Безос, а поради нивната афера пропаднал нејзиниот и неговиот брак. Џеф беше во брак со Мекензи Скот 25 години, додека Лорен беше 13 години во брак со холивудскиот агент Патрик Вајтсел.


На долгите бракови им дојде крајот откако се дозна за аферата на Џеф и Лорен, кои за прв пат се појавија во јавноста во 2019 година.