Љубовниот живот на славниот турски актер Онур предизвика голем скандал: Ја напушти својата бремена сопруга заради колешка

Добивај вести на Viber

Околу неговиот љубовен живот се крена многу прашина

Брачната двојка Халит Ергенеч (Онур) и Бергузар Корел (Шехерезад) ги освоија срцата на публиката со серијата „1001 ноќ“, а после тоа имавме можност да ги гледаме и во серијата „Далеку од дома“.


Тие се заљубија во серијата „1001 ноќ“ и оттогаш не престанаа да ги заинтригираат медиумите.

Имено, тогаш 23-годишната Бергузар го запознала 12 години постариот Халит, а во тоа време тој беше во брак со актерката Гизем. Првите искри се појавија на снимањата, но патувањето во Париз во 2008 година донесе пресврт во нивната врска. После десет месеци, Халит се разведе од Гизем, а во тоа време таа беше бремена.

Бидејќи Халит и објаснил дека е заљубен во друга Гизем, одлучила да ја прекине бременоста. Бергузар го остави поранешното момче заради Халит, но немаше толку прашина околу нивната разделба како во случајот со разводот на Халит.

По разводот, тој и плати на својата поранешна сопруга околу 250 илјади турски лири, а Халит и Бергузар се венчаа веднаш по завршувањето на серијата. Славниот турски пар семејниот живот го продолжи во една од луксузните населби во Истанбул.

Во 2010 година се роди нивниот прв син Али, а во средината на март годинава се роди и нивниот втор син. Иако таа ја криеше бременоста во првите неколку месеци, беше фотографирана од папараците во декември, а потоа се откри дека е во блажена состојба.




"Халит и јас очекуваме второ дете. Не можам да ја опишам нашата среќа со зборови. Бременоста е блажена состојба а така и се чувствувам. Ние сме многу среќни и им благодариме на сите за добрите желби", изјави тогаш Бергузар.

Проблеми во рајот

Снимањето на серијалот „Сулејман Величествениот“ значеше огромен успех за Халит, но неговиот приватен живот претрпе заради тоа. Имено, Бергузар не можеше да го поднесе снимањата на љубовните сцени помеѓу Халит и фаталната Мери Узерли. Заводничката со огнената црвена коса беше семе на раздор во брачната идила на Халит и Бергузар, а повредената сопруга дури и доаѓала на снимањата да го контролира својот сопруг.

Дека навистина има проблеми во нивниот брак, го потврди самиот Халит и тоа беше сосема неочекувано. Имено, во едно интервју, тој отворено призна дека неговата сопруга е љубоморна, но смета дека тоа е нормално затоа што не е лесно да се поднесе фактот дека нивните партнери имаат љубовни сцени со други колеги. Халит тогаш призна дека тие одат на брачно советувалиште по иницијатива на Бергузара.

Се шпекулира ...

Кога Бергузар започна да ја снима серијата „Карадаџи“ во која нејзин актерски партнер беше Кенан, попознат како Езел, во турските медиуми почнаа да кружат гласини дека двајцата биле многу блиски дури и пред камера. Сепак, тоа никогаш не беше докажано, а двајцата не се огласија на оваа тема.


Фото: Инстаграм