Турската актерска двојка од „Немирно лето“ - љубовта од филмскиот сет ја пренесоа во реалниот живот

Добивај вести на Viber

Ѕвездите од серијата „Немирно лето“ долго време ја криеја врската, но летово ја признаа љубовта!

Серијата за кратко време ги освои срцата на публиката, а сите зборуваат за неверојатната љубов на Серхан и Еда.

Снимањето на серијата започна во април минатата година, а симпатиите меѓу главните актери Керем Бурсин и Ханде Ерџел веднаш беше забележана од страна на верните обожаватели кои ги следеа во чекор, и иако долго време се шпекулираше за нивната љубов, тие не сакаа јавно да ја откријат.

Сепак, турските папараци решија да го следат секој нивни чекор, па на основа на објавите на социјалните мрежи открија дека двајцата се во љубов, по што Ханде и Керем самите ја открија убавата вест.

Актерот Керем Бурсин, кој го толкува ликот на Серхан, неодамна откри колку долго трагал по внатрешен мир и искрена љубов.

- Дури кога наполнив 30 години, сфатив дека ми треба мир. И само што го најдов – рече Керем потврдувајќи ја веста за романсата со неговата колешка од сет, Ханде.

Веста дека Еда и Серхан се заљубени и надвор од сетот, ги воодушеви нивните обожаватели ширум светот и многумина се интересираа како изгледа еден нивен ден на снимање:

- И двајцата професионално пристапуваме кон оваа работа. Според мое мислење, Ханде е одличен професионалец, како и остатокот од тимот, и тоа се чувствува. Знам да го одвојам приватниот од деловниот живот, што е случај и со Ханде – призна неодамна Керем.

Керем изјави и дека не ја познавал Ханде пред снимањето на серијата.

- Отпрвин бевме блиски пријатели. Бевме еден за друг во тешки животни околности. Подоцна дојдовме до точка каде што рековме на нашата врска ѝ дадовме шанса. Излезе дека сме имале среќа. Сега сум многу среќен – изјави Керем Бурсин и додаде:

- Вистина е дека во овој проект се зближивме многу и лудо се заљубивме. Поради големата доверба меѓу нас, гледате ваква хемија меѓу нас. Би сакал Ханде да биде некој кој засекогаш ќе остане во мојот живот, изјави Керем.

Инаку Ханде имаше момче, со кое раскина кога започна снимањето на серијата, а Керем тврдеше дека со неговата згодна колешка го врзуваат исклучиво пријателски чувства, вистината беше далеку поинаква - за среќа на сите фанови.

Веста која воодушеви милиони луѓе, решија да ја соопштат откако заминаа на Малдиви на заеднички одмор по завршувањето на снимањето на серијата. Од таму споделија заеднички фотографии и „го урнаа интернетот“. По враќањето од Малдиви, Ханде и Керем се држеа за раце, и престанаа да ја кријат врската.

View this post on Instagram

A post shared by Kerem Bürsin (@thebursin)


View this post on Instagram

A post shared by Hande Erçel (@handemiyy)


Покрај серијата и нивната неодолива хемија, врската меѓу двајцата актери особено привлече внимание кога тие, дури и надвор од снимањето, почнаа да се гледаат и да поминуваат време заедно и да објавуваат фотки од заеднички моменти.

Од самиот почеток, армијата обожаватели навиваше за парот да биде заедно. Нивната хемија е очигледна и во серијата „Немирно лето“ која моментално се емитува и кај нас, истата доживеа огромен успех и продадена е досега во 45 земји низ светот.

извор:imperij / informer