ЛУЃЕ ЗАВРШУВААТ НА ЛЕКАР СО ГОЛЕМИ ОТОЦИ ПО УБОДИ ОД КОМАРЦИТЕ: Страв и од Оропуче, новиот опасен вирус од заразени мушички, нема специфични лекови

Добивај вести на Viber

Климатските промени, екстремно топлите лета носат огромни ризици по здравјето на луѓето и не станува збор само за кардиолошки проблеми, хипертензија, цревни инфекции, туку и опасни вируси кои ги пренесуваат комарците и заразени мушички. Во текот на ова лето, не е занемарлив бројот на луѓето кои побарале лекарска помош поради убоди од комарци.

-Секогаш сум имала проблем со комарците, едноставно сум „магнет“ за овие инсекти. Претходно многу се плашев од убод од оси и од пчели зошто знам дека сум алергична, но сега огромни отоци ми настануваат и по убоди од комарците. Во текот на јули завршив на лекар со огромни црвени кругови во пределот на рацете, нозете, па и на грбот, бидејќи боцкаат и преку облека. Веднаш ми беше препишана антихистаминска терапија, таблети и маст.  Секаква заштита имам пробано, на аутан веќе не реагираат, па се обидувам и со други спрејови, но откако ќе помине дејството, повторно е исто. Ова почнува сериозно да ме загрижува, особено поради фактот што комарците носат големи зарази, а сега читав и за новиот опасен вирус кои веќе го има во Европа откако туристи од Италија, Шпанија и Германија патувале во Куба и во Бразил, загрижено вели Гордана В. од Скопје.

Европскиот Центар за превенција и контрола на болестите во петокот брифираше со соопштение за заканата од вирусот Опоруче, за кој, како што наведува го пренесуваат заразени мушички и заразени комарци. 

Детали на Фактор тука.