Луѓето кои вежбаат се задоволни од својот изглед, имаат повеќе самодоверба и се попродуктивни: Личен тренер Рената Младеновска за Женски магазин

Добивај вести на Viber

Физичката активност е половина здравје. Луѓето кои се физички активни се поздрави, но и изгледаат подобро. Вежбачите уживаат во активноста, но што со оние кои сакаат да вежбаат, но немаат соодветна мотивација за да започнат со вежбање. За нив овде се личните тренери кои ќе им помогнат да се изборат со мрзата, да ги бодрат и советуваат. Личниот тренер е од огромна поддршка на личноста која вежба, негово рамо за плачење, најголем мотиватор и пријател.

Рената Младеновска има само 26 години, таа е успешна млада дама која работи како личен тренер во центарот за здрав живот Premium physical therapy & sport centar кој е во склоп на Аџибадем Систина а, за нашите читатели Младеновска откри зошто е добро да се вежба со личен тренер, кои се предностите на квалитетни справи и реквизити и кои се други услуги ги нуди центарот.

*Зошто е подобро да се вежба со личен тренер отколку да вежбаме сами?

- Со помош на личен тренер многу побрзо се постигнуваат резултати, секако со исклучок на они вежбачи кои веќе длабоко имаат навлезено во вежбањето. Постојано имаш мотивација, некој кој ќе те мотивира кога ќе немаш сила, кој ќе го следи прогресот, кој ќе смени нешто од планот за да биде поуспешен и да има прогрес. Личниот тренер е многу повеќе од тие 60-тина минути тренинг,  тука е за клиентиот 24/7.

* Кога и како е најдобро да вежба едно лице, односно 20 минути секој ден, или 50 минути 3 пати во неделата, или пак час иполовина 2 пати во неделата?

- 15 минути физичка активност  е подобро отколку да не се вежба воопшто. Но, се е во зависност од целите кои ги има индивидуата, интензитетот на тренизите итн. Е сега важно е да се знае дека ако имате одредена цел на пример зголемување на мускулна маса тренинзи секој ден од по 20 минути нема да помогнат, но долку сакате рекреативно, за вашето здравје и 20 минути тренинг секој ден се доволни. 

*Кои справи ги има во спортскиот центар на Аџибадем Систина - Premium physical therapy & sport centar?

- Нашиот спорски центар е опремен со техно џим опрема,  има опрема за секаков вид на тренинзи, кардио, тежински, голем број на реквизити, bosu ball, stability ball, trx, Kettlebells, ластици, ролери, torque tank, место каде секој може да си се пронајде со каков тип на тренинг најдобро ќе се чувствува.

*Колку е важно справите да бидат добри, односно квалитетни?

- Многу важен момент за безбедноста на клиентот е опремата и справите во салата да бидат квалитетни, а ние во Premium physical therapy & sport centar го нудиме тоа. 

*Во време на пандемија не може да не прашам за протоколите. Кои безбедносни протоколи се применуваат?

- Бидејќи пред сè здравјето на клиентот е најбитно, кај нас се вежба со ограничен број на клиенти во одредени термини, постојано одржуваме хигиена, користиме дезинфициенси, сите вработени носиме заштитни маски и се почитува мерката држење на растојание.

*Зошто и дали е добро по вежбање да се користи сауна или парна бања?

- И сауна и парна бања се добар избор за после тренингот.

Во сауната температурата е околу 80 степени. Со користење на сауна, доаѓа до длабоко чистење на организмот, отстранувајќи ги штетните материи и отрови создадени во организмот, кои се исфрлаат од телото преку потта.

Ја опушта мускулатурата, таа е одличен ослободувач на стрес, придонесува за подобрување на сонот и подобрување на кардиоваскуларниот систем.

За разлика од сауната, во парната бања температурата е 45 степени и има голема влажност со што ги прочистува и дишните патишна. 

*Пред да започнете да вежбате со едно лице, дали им правите мерења на телесна маса, обем на мускули..?

- Секако за да можеме да го следиме прогресот, задолжително е мерењето на почетокот и на секоја 6-8 недела, за да знаеме дали тој принцип на вежбање делува врз клиентот, дали е потребно да смениме нешто. Нашиот центар е опремен со кабинет со најсовремена технологија за скенирање на мускулно, масно и коскено ткиво. Со помош на тој анализатор се добива детална анализа и количината на вода.

*  Дали советувате за начинот на исхрана?

- Сите резултати кои се добиваат со анализаторот кој го споменав предходно се од големо значење не само за тренажниот процес туку и за нутритивниот протокол, кој помага за регулирање на телесната тежина, намалување на масти и зголемување на мускулна маса.  Во премиум центарот исто така имаме и нутриционист. 

*Што значи вежбањето за една личност, што добива?

- Неделно со само неколку часа физичка активност личноста добива: поголем проток на крв и кислород до мозокот, ја подобрува меморијата. Со зголемен проток на крв вежбањето помага да се хранат клетките на кожата и да останат витални. Затоа луѓето што вежбаат изгледаат помлади.

Ги одржува витални вените и артериите. Го зацврстува срцевиот мускул, превенира срцеви заболувања. Го подигаа нивото на  хормоните на среќа, а се намалува нивото на стрес.

Покрај физичката ја подобрува  и психичката состојба. Луѓето кои вежбаат  редовно се задоволни од својот изглед, имаат повеќе самодоверба  и се попродуктивни во текот на денот. 

*Дали на вежбачите им треба поддршка од личниот тренер и како ги надминувате моментите на слабост, односно моментите кога сакаат да се откажат?

- Да, една од причините е и тој момент, кој е психолошки и е многу значаен за добрата работа на тренерот и успехот на клиентот. За удобноста на нашите клиенти Premium physical therapy & sport centar има и оддел за физиотерапија, соби за масажа, оддел за нутриција и диетологија, сала за функционален фитнес, сала за групни активности и сала за реформер и кадилак пилатес, сауна и парна бања, и морам да напоменам дека сме единствен центар кој ги нуди сите овие услуги на располагање на клинетот.


Наталија Миланова

Фото: Вангел Тануровски