Мадона има нов дечко, помлад е од неа точно 40 години: Кралицата на поп музиката тврди дека „жешките игри“ во кревет ја одржуваат во живот
Мадона дефинитивно живее уште една младост! Кралицата на попот не само што изгледа подобро (и помладо?) од кога било досега, туку љубовта ја бара исклучиво во прегратките на помладите мажи. Откако пред неколку месеци ја прекина тригодишната врска со танчерот Ахламалик Вилијамс, кој беше 35 години помлад од неа, таа сега започна романса со уште едно згодно момче.
Имено, Мадона го заведе 23-годишниот модел Ендру Дарнел, а наводно оваа романса се вжештува. Двојката била забележана како се „гушка“ во петокот вечерта на концерт во Њујорк, пишува Page Six.
Прославената 64-годишна икона на Инстаграм објави и фотографии од ова вечерно излегување, а на една од нив Дарнел ја ставил раката на нејзиното рамо и ја потпрел главата на нејзината додека правеа селфи.
„Page Six“ пренесува и дека по концертот, двајцата отишле во популарен ресторан на Менхетен на доцна вечера, а Мадона целата вечер ја поминала танцувајќи и правејќи селфи на масата.
„Дефинитивно си размениле нежности. Мадона и Ендру видно се сакале цела ноќ, се бакнувале и гушкале во кабината“, тврдат извори од местото на настанот.
Ендру инаку можеше да се види на разни видеа и фотографии на Инстаграм профилот на оваа пејачка, па јасно е дека дефинитивно има нешто меѓу нив.
Инаку, Мадона неодамна одговарајќи на прашања од обожавателите го спомна сексот како омилена опсесија, но и тајната на успехот, нејзината животна мантра и чинот што ја тера да турка напред во животот. Таа исто така додала дека ако мора да носи една работа до крајот на животот, тоа ќе биде нејзиниот ѓердан од 24-каратно злато, кој може да послужи и како секс играчка или вибратор.
Фото: Инстаграм