Култура // Настани
Маглата и загадениот воздух не ги спречија скопјани да се забавуваат: На градскиот плоштад во еден глас ги пееја песните на Елена Ристеска (ВИДЕО)
Иако годинава недоволно украсен, многумина граѓани синоќа решија Новата година да ја дочекаат на градскиот плоштад „Македонија“ во Скопје.
И покрај маглата и загадениот воздух, просторот беше забележително исполнет, бидејќи имаше музичка програма. Главна ѕвезда на вечерта беше поп-пејачката Елена Ристеска.
Точно на полноќ, Елена на сите им ја честиташе Новата година.За дополнителен придонес за новогодишната атмосфера имаше и огномет.