Маја Беровиќ прв пат по породувањето! Зборуваше за синот и операцијата

Маја Беровиќ синоќа го имаше првиот настап по породувањето, а во таа прилика откри како се навикнала на улогата на мајка, каков е нејзиниот син Лав, но пред се‘ го искоментира фактот дека нејзината песна „Ti lutaš bebo!“ се спомна и во собранието.

-Тоа ме дочека, мислам дека тоа е само доказ колку таа песна беше хит кога ја објавив, а и сега, мило ми е што беше спомната во собранието, мојата песна - рече Маја.

Неодамна Маја се породи, и откри како се чувствувала кога го родила синот во февруари. 

- Прекрасно е чувството, посакувам на сите ​​жени кои до сега не го доживеале, да го доживеат, навистина е најубавото чувство што една жена може да го доживее во својот живот. Ништо не ми беше тешко, толку многу го сакав, бев подготвена за тоа, кога ќе го видиш тоа твое суштество, ништо не може да ти биде тешко - рече таа, а потоа откри како се разделила од него пред настапот:

- Тешко, прво го заспав, па дојдов овде. 

Зошто го крстила син ѝ Лав? Маја вели дека таа одлука ја донеле кога го виделе и дека тој е одговорен за нејзиниот добар изглед по породувањето, а потоа откри и каква операција направила.

- Сега сум добро, за жал имав мал здравствен проблем, морав да ја оперирам ногата, но фала богу што тоа сега е зад мене и се надевам дека се‘ ќе биде во ред.


Фото: Инстаграм - стори - screenshoot/Youtube - screenhoot

Сите ги знаат нејзините песни, но не и нејзината судбина: Маја Беровиќ пораснала без татко, а сопругот го запознала на само 17 години